Од 2019-та, Македонија во четири нови проекти на ФАО
Од вкупното производство на храна, Македонија може да извезува 87 отсто, а со 13 проценти може да ги задоволи домашните потреби, но нема доволно преработувачки капацитети, слаб е пристапот до странски пазари, а се поизразени се и климатските промени, беше речено на денешната прес-конференција на која се потпишаа договорите за четирите нови регионални проекти на ФАО.
Еден од проектите ќе треба да ги идентификува загубите на храна кои во Македонија годинава достигнале 80 отсто, додека 460 илјади граѓани се соочуваат со сиромаштија и проблем да обезбедат јадење.
-Македонија учествува во речиси сите регионални иницијативи на ФАО чија цел е подобрување на животот во руралните средини, олеснување на трговските односи, намалување на процедурите и формалностите, како и поголема конкурентност, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Тој информира дека останатите три регионални проекти на ФАО се за поголема контрола на штетници, итно справување со африканската свинска чума и креирање политики за рибарство.
Проектите ќе стартуваат од 2019 година, а нивната вкупна финансиска конструкција изнесува 1,5 милиони долари.
Како што беше речено, освен Македонија, во регионалните проекти на ФАО се вклучени и Ерменија, Албанија, Молдавија, Црна Гора,…
Министерот Николовски порача дека е многу важно проектите да се имплементираат, но и усвоените практики потоа да останат одржливи.
Ново на Сител
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
-

Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите
-

Сопственикот на „Црно Брдо“ осомничен за пожари во Хрватска
-

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност
-

Стјуардесите и пилотите со најголема стапка на смртност од рак поради космичко зрачење
-

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор

