Од денеска дополнителни рестриктивни мерки во поширокиот регион на Атина
Од денеска стапија во сила новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што ќе важат во следните 14 дена, а се однесуваат на бројот на лица на јавни и приватни собири, како и на промени во начинот на работата на вработените во приватниот и државниот сектор.
Поконкретно, како што во петокот соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, од денеска до 4 октомври, дозволено е собирање на најмногу девет лица на отворено и затворено, на свадбите, крштенките и погребите не смее да има над 20 лица, се откажуваат сите концерти и кино проекции во затворени сали, додека пак за 40 отсто од вработените во приватниот и јавниот сектор, онаму каде што е изводливо, задолжително е работење на далечина.
Се воведува и флексибилност во пристигнувањето и заминувањето од работа за вработените и во јавниот и во приватниот сектор, односно почетокот и крајот на работното време да не биде во исто време за сите.
Мерките се донесени поради тоа што од повеќе од половина од активните случаи во Грција, се во поширокиот дел на Атина.
Надлежниот министер упати препораката до оние што се над 65 години или припаѓаат на ранливите категории е во следните 14 дена да ги ограничат движењата, да избегнуваат користење на јавен превози, да избегнуваат контакти со други луѓе.
Паралелно, седум основни и средни училишта во различни делови на Грција се целосно затворени поради појава на случај на Ковид-19, а во 31 училиште, откажана е наставата за одредени одделенија или класови.
Согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, од почетокот на епидемијата заклучно со вчера, во Грција се регистрирани се 15.142 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 338 лица.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово