Од денеска по влез во Словенија следи 10-дневен карантин
Од денеска карантинот во Словенија е скратен од 14 на 10 дена, а се однесува на патници кои доаѓаат од земји со висок ризик, како и за лица кои биле во контакт со заразени лица, пренесува СТА.
Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката Влада пред неколку дена предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена.
– Ризикот од заразување може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз словенечката економија, смета епидемиологот Бојана Беовиќ.
Како што пренесува агенцијата СТА, овој предлог е поддржан и од словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар, со образложение дека поголемиот дел од заразените од Ковид-19 покажуваат симптоми на болеста во рок од 10 дена.
На неодамнешниот состанок на министрите за здравство од ЕУ, беше постигнат поширок консензус по препорака луѓето што доаѓаат од области со висок ризик да поминат десет дена во карантин.
Доколку тестот биде негативен, тој период може да се скрати на пет дена, но сè уште не е постигнат договор таквата препорака да биде усвоена на ниво на ЕУ.
Во Словенија, по над 100 нови случаи на коронавирус се потврдени во претходните два дена, најмногу од почетокот на пандемијата. Според последните податоци, во Словенија досега биле заразени 3.603 лица, а 135 починале.
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал