Македонија
10. August 2022 - 12:24

Од идниот месец и општина Карбинци се приклучува на ХС “Злетовица”

По Пробиштип, Свети Николе и Штип, од септември и општина Карбинци се приклучува на ХС “Злетовица”. Со вода за пиење одбраната “Кнежево” ќе се снабдуваат над 80 % од жителите на општината. За таа намена изградена е нова филтер станица, поставен е цевковод во должина од 18 км и направени се сите анализи за проверка на квалитетот на водата во Институтот во Белград.

- Изправноста на водата е верифицирана и е исправна и сега остануваат неколку детали со фирмата изведувач на филтер станицата да ги прецизираме во врска со приклучувањето и пуштањето во употреба на самата вода. Веќе го спремаме и договорот заедно со ХС „Злетовица“, така што некаде на почетокот на месец септември се очекува да биде пуштена во употреба оваа вода- изјави ВИКТОР ПАУНОВ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАРБИНЦИ

Новите количини на вода во старата и амортизирана водоводна мрежа, може да предизвика и низа дефекти, како што е случај во Штип.

- Будно ќе ја следиме работата откако ќе го пуштиме во оптек овој систем. Останува да видиме со што ќе се соочиме понатаму. Ние сме спремни и се надевам дека ќе немаме поголеми дефекти од кои ќе имаме отежнување во текот на работата- изјави Паунов

Паунов додаде дека веќе се работи на проекти за реконструкција на главните водоводни линии, но тоа е робусен процес, за кој се потребни и време и пари.