Македонија
4. January 2025 - 16:57

Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути

Пуштен во употреба експресниот пат Страцин-Крива Паланка. Делницата долга 25,5 километри, која е дел од Коридорот 8,  ќе го скрати патувањето кон Бугарија, а ќе го подобри и транспортот на истокот од државата.

Станува збор за инвестиција од 93,7 милиони евра. 80,2 се од Светска Банка, а останатите 13 и пол милиони евра се грант. Патниот правец има 3 клучки, 9 натпатници, 13 вијадукти и 3 моста.

Инвестицијата е почната уште во мај 2018 година. Сегашната влада тврди дека до јуни годинава, на трасата немало ниту еден метар асфалт. Работите се интензивирале во последните шест месеци, а со пуштањето на патот владата задоцнила само три дена.

До крајот на месецот, најавено е дека ќе биде пуштен и патниот правец Градско – Фариш, и првата фаза од пругата Куманово – Бељаковце.