Од овој месец извоз на месни и млечни производи во Русија
Од овој месец Македонија ќе почне да извезува млечни и месни производи на рускиот пазар.
Минатата недела официјално ни е одобрен пласман на живина во ЕУ, а во ноември минатата година беше потпишан и Договор за извоз на смрзнато јагнешко месо во Кина.
- Го отворивме и рускиот пазар како стратегиски голем за нашите компании кои во текот на февруари треба да ги извезат првите количини млечни и месни производи, изјави вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.
Сите мерки кои ги презема Владата, додаде, се во насока на обезбедување поголемо производство. Македонија е позната по квалитетните производи, но количините кои се бараат особено на големите пазари, се уште се проблем.
- Нашата цел е да им помогнеме на сите земјоделци да го зголемат своето производство. Така ќе можеме со количини да конкурираме, посебно на големите пазари. Максимално работиме на отворање на сите пазари кои досега беа затворени за нас. Веќе докажавме дека сме квалитетни, познати сме по квалитетни, безбедни производи согласно ЕУ стандардите, подвлече Поповски.
Македонија моќе да извезува млечни производи во САД. Се работи и на извоз на месни производи, на одобрување пласман на риба што наскоро се очекува, како и на извоз на производи од живинско месо во ЕУ. СПоред директорот на АХВ, ќе останат уште производите од свинско месо за кои, како што рече, во наредните години исто така ќе биде овозможен извоз на европскиот пазар, а оттаму и во сите други држави.
Во врска со здравствениот статус на животните и неговата следливост, Поповски е дециден дека системот на заштита функционира на највисоно ниво, согласно барањата на ЕУ.
- Македонија многу напредна во овој сегмент, но и натаму интезивно работиме за да бидат исполнети сите, и најмалите аспекти. Веќе и официјално, нашите живинарски фарми може да извезуваат во ЕУ, а одобрен е и извоз на млечни производи, говедско месо. Се надеваме на позитивен извештај во најбрз рок за извоз на производи од живина. Сето ова укажува дека контролата во делот на здравствената заштита е на високо ниво, а и контролата на прехранбените производи од животинско и неживотинско потекло се на највисоко ниво согласно ЕУ регулативите и стандардите, нагласи директорот.
Ново на Сител
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство