Македонија
3. March 2025 - 14:02

Од полноќ поевтинуваат горивата

Спорен донесената одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од полноќ  сите горива поевтинуваат.

Новите цени на горивата се следниве: ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава по цена од 77,5 денари по литар, додека пак ЕУРОСУПЕР 98+ исто така поевтинува, и ќе се продава по цена од 79,5 денари по литар.

Исто така за 1,5 денари поевтинува и ЕУРОДИЗЕЛ, и истото ќе се продава по 72 денари по литар.

Екстралесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава за 71,5 денари, додека цената на мазутот за немалува за 1,2 денари, и ќе изнесува 45 денари по килограм.