Од први февруари ќе се казнува ако возите над 57 км/ч
Ако возите над 50 ќе ви пристигаат смс пораки на телефон за сторен прекршок се до први февруари. Откако ќе се адаптира системот, ќе се дозволи брзината на возење низ град да биде 57км на час и кога ќе се надмине таа брзина ќе се пишуваат казни, но ако се вози и под 57, а се направи сообраќајка со тешки последици, кривично ќе се одговара.
Статистика нема колку службени возила направиле прекршоци во тест периодот на сејф сити кој се уште трае. На системот нема да бидат регистирани 120те нови возила кои денеска ги доби македонската полиција.
Како што ги најави министерот за внатрешни работи, новите полициски автомобили ќе бидат распоредени низ сите сектори на МВР во Македонија, а најмногу од нив ќе ги користи СВР Скопје. По 15 години македонската полиција добива нови возила, со технологии како и останатите европски држави, вели Тошковски.
Возилата ги чинеле нешто над 3 милиони евра, со што се направило и заштеда од околу 500.000 евра кои ќе бидат бидат искористени во набавка на друга опрема за полициските службеници.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
