Од утре се отвораат фитнес центрите и теретаните, угоститeлите со рабoтно време до 23:30
Владата на 69-та редовна седница, донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 13 мај 2021 почнува од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден.
-Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект – само летни тераси, градини, а не во затворениот дел, е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година, објави Владата на својот фејсбук-профил.
Од утре – 12 мај сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор.
Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од утре.
Согласно претходна одлука на Владата, утревечер нема полициски час.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок