Македонија
14. August 2024 - 16:32

Од воздух и копно се гаси кај Галичица

Пристигна воздушна помош за пожарот кај Галичица.

Од воздух и копно се гаси пожарот кај Галичица. Гори од двете страни и од охридската и од преспанската. На некои места се јавува многу густ црн чад кој најверојатно е предизвикан од поголемиот број смреки и предизвикува силна вознемиреност кај граѓаните кои реагираат на социјалните мрежи а се слушале и  неколку детонации на неексплодирани минско-експлозивни средства, остатоци од војните кои се воделе на овој регион.

На голиот појас, каде има претежно трева и грмушки и друга ниска вегетација, гасењето е ризично , еден крак е спуштен кај Љубаништа а другиот кај Стење но нема опасност по населените места.

Во однос на пожарите кои се под контрола е и пожарот на Илинска Планина кој беснееше неколку дена .