Бизнис
16. April 2021 - 16:35

Од вторник протести на туристичките работници

Од вторник масовно на портест излегуваат и туристичките работници. Велат дека состојбата во секторот е алармантна. Загубите достигнуваат и до 100 проценти. Интерес за патување нема, Европа е затворена за македонските државјани. Поради неизвесноста на ситуацијата, немањето помош и бавната вакцинација, многу агенции се пред затворање.

Бараат неповратна помош, рокот на туристиките ваучери кои граѓаните лани не ги искористија да биде продолжен до крајот на 2022 година и да се реализираат исклучиво преку агенциите. Барањата денеска ги доставиле и до Владата.

Од Владата потврдија дека ги добиле барањата и истите ќе бидат разгледани.

Помош ќе стигне онаму каде што е потребна. Владата од самиот почеток на Ковид кризата ја следи ситуацијата, анализира и соодветно на тоа носи економски мерки за помош на стопанството, се вели во дописот од Владата.

Туристичките работници сметаат дека оваа година ќе биде уште полоша од минатата. Вчера и угостителите најавија протести од следната недела.