Одбележан 11 Октомври во Гевгелија
Во Гевгелија со пригодни манифестации денеска се одбележа Денот на борецот и почетокот на оруженото востание против фашистичкиот окупатор - 11 Октомври.
По повод чествувањето на празникот, делегации од боречката организација, локалната самоуправа, пензионерите, политичките партии, невладини организации и граѓани положија цвеќе пред спомен обележјата и пред бистите на народните херои и паднатите борци.
Во обраќањето пред Спомен костурницата на паднатите борци, претседателот на гевгелиските борци Ристо Марковски рече дека овој ден е многу значаен во историјата на Македонија бидејќи претставува продолжение на вековниот стремеж и она за кое се бореа илинденците и затоа и денес на многуте жртви им оддаваме почит за стореното дело.
Во народно ослободителната борба Гевгелија се вклучи 1943 година со формирањето на првиот партизански одред кој го носеше името на илинденецот Сава Михајлов.
Ново на Сител
-
Пригоден поштенски жиг за Меѓународниот ден на жената по повод 30-годишниот јубилеј од Пекиншката декларација
-
Најмалку 14 лица загинаа, а 37 се повредени ноќеска во руски напади во источна Украина и Харков
-
Товарен брод удри во танкер закотвен во Истанбул
-
ЈОРСМ: Две лица се обиделе да изнудат пари од скопски стоматолог
-
Најниска температура измерена во Берово - 6 степени, дневната во земјава ќе се движи од 17 до 23 степени
-
ЕХФ недела: Македонија поразена од Србија
-
Футсал репрезентацијата на Македонија загуби со 3:0 од Холандија
-
ЈОРСМ: Поведена постапка за осомничен за тешка кражба од автомобил