Одбележан Денот на Воениот медицински центар
Да се биле дел од военото здравство покрај стручноста, потребна е дополнителна храброст, пожртвуваност и посветеност, а по што припадниците на ВМЦ се препознатливи како во земјата така и при учество во меѓународните вежби и мировни операции, истакна денеска командантот на бригадата за логистичка поддршка при АРМ полковник Цветко Јаневски на одбележувањето на Денот на Воениот медицински центар (ВМЦ) на АРМ – 21 декември.
- Потврда за нивната професионалност се добиените високи признанија и одликувања што нас не прави посебно горди, истакна Јаневски и на вработените во ВМЦ им порача да продолжат во иднина успешно да ги извршуваат претстојните активности и предизвици кои ќе следат.
Командантот на ВМЦ потполковник Ирена Минева рече дека мисијата на ВМЦ од формирањето па досега е зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на АРМ.
- За тоа доказ се спроведувањето на примарната здравствена заштита во гарнизоните на АРМ, нашите признати специјалисти, нашите акредитирани лаборатории и нашиот современ Центар за медицинска обука, рече Минева.
Првата Воена болница била формирана во 1945 година и до 1963 година работела како армиска болница во дел од објектот „Полумесечина“ во Скопје. По катастрофалниот земјотрес во 1963 делумно била преселена во Ниш, а дел во неоштетените павилјони во Скопје. Во 1971 година е отворен новиот комплекс на болницата која до 1992 работела под команда на ЈНА, а потоа во надлежност на Министерството за одбрана на РМ. Со одлука на врховниот командант на РМ од 11 јануари 2010 формиран е Воено медицинскиот центар, а останатиот дел од Воената болница премина во ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“
Ново на Сител
-
Османи за експропријациите на север: Косово го испочитува законот, на сојузниците да им се објасни детално
-
Бајден најави нова помош од 225 милиони долари за Украина на разговорите во Париз со Зеленски
-
Писонеро: Украина и Молдавија ги исполнија условите за старт на преговорите за членство во ЕУ
-
Најмалку 13 повредени во експлозија во популарна продавница во Романија
-
Претседателот на Собранието Африм Гаши се сретна со евроамбасадорот Дејвид Гир
-
За два денара поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95
-
Нови 38 случаи на голема кашлица, од нив шестмина хоспитализирани
-
Комисијата за политички систем ќе одржи седница за предлогот за реорганизација на државната управа