Одбележан Светскиот ден на акредитацијата

По повод Светскиот ден на акредитацијата - 9 Јуни, Институтот за акредитација на Република Македонија промовираше 33 нови акредитирани тела од најразлични области, лаборатории, инспекциски и сертификациски тела, а издаде и 30-ина нови реакредитации. Мотото на годинашното одбележување е акредитацијата како глобална алатка за поддршка на работата на јавниот сектор.
Според министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, акредитацијата е гаранција за квалитетот на јавните институции, како од почетокот на креирањето на јавните политики, така и како контролен механизам дали јавните политики се успешно креирани.
- Ако досега најчесто се акредитирале компаниите, односно бизнис секторот, првпат ја промовираме иницијативата за акредитација на јавниот сектор. Тука Република Македонија има направено многу, особено во здравството, образованието, каде беа акредитирани над 80 лаборатории, како и во земјоделството, животната средина, економијата..., но и во самите јавни институции, изјави Арсовска Томовска.
Таа истакна дека најголемиот дел од јавните институции во Македонија се ИСО стандардизирани, согласно законската обврска од 2013 година со која е утврдено дека сите институции на јавниот сектор задолжително треба да се сертифицираат по ИСО стандарди и по заедничката рамка за компетенции т.н. КАФ рамка. Триесетина институции се веќе сертифицирани со КАФ, а 15 се во фаза на сертификација.
Директорот на Институтот за акредитација на РМ Трпе Ристоски укажа дека со акредитацијата сите акредитирани тела добиваат компетентен и квалитетен извештај, а тие извештаи, што е најважно за стопанството, се признаени во целиот свет.
- Институтот, благодарение на потпишаните договори со меѓународните организации, едноставно претставува пасош во трговијата на целокупното наше стопанство. Тоа значи дека кога нашите компании извезуваат не треба дополнително да го докажуваат својот квалитет на производи, нашите компании можат слободно да учествуваат на меѓународни тендери, рече Трпески.
Македонскиот Институт за акредитација може да ја врши својата дејност надвор од државата. Денеска ќе доделат сертификат на италијанска компанија што ја акредитирале, а која работи во Албанија, а претходно издале акредитација за француски компании.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
