Македонија
26. February 2020 - 17:01

Одбележана 16-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Со низа чествувања одбележана 16 годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски.  Членови на семејството, роднини и пријатели, но и голем број граѓани го посетија неговото вечно почивалиште и положија венци со свежо цвеќе. Со положување венци,  почит на претседателот Трајковски му оддадоа и неколку владини делегации кои го посетија неговиот гроб и спомен обележјата. На Трјаковски, неговиот лик и дело денеска се сеќаваше и родната Струмица.  Пред споменикот Македонија кој беше подигнат  во негова чест присуствуваа членови на семејството, локалната самоуправа, претставници од политичките партии и повеќе институции .

Во чест на Борис Трајковски унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во градскиот парк во Струмица по 15- ти  пат засади дрвце за сеќавање.  На свој начин почит на Трајковски секоја година му оддаваат и планинарите кои во негова чест пешачат од Струмица до Скопје. Тие денеска беа дел од чествувањто кое се одржа на неговиот гроб.