Македонија
23. July 2020 - 13:03

Одбележана осумгодишнината од големиот пожар над Струмица

Пред спомен обележјето што Општина Струмица го подигна во чест на четворицата храбри граѓани кои ги загубија животот во борбата со огнената стихија, беше одбележана осумгодишнината од големиот пожар над градот.

Цвеќе положија делегација на Советот на Општина Струмица, претставници на политички партии и членови на семејствата на загинатите.

Во гаснењето на пожарот, што избувна на 23 јули 2012 година, загинаа браќата Перо и Блажо Стојков од селото Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица, а повеќемина беа повредени.