Македонија
23. October 2021 - 8:19

Одбележување на „23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба“

Владата извести дека денеска, 23.10.2021 година (сабота) од 10:00 часот по повод одбележувањето на „23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба“, ќе организира положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје.

На настанот ќе биде присутна владина делегација составена од Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.