Loading Video...
Спорт плус
4. May 2021 - 17:49

Одбојкарите ги започнаа подготовките за Сребрената лига

Машката македонска одбојкарска репрезентација ги започна подготовките за настапот во европската Сребрена лига. 
 
Со вкупно 20-мина одбојкари на подготовките селекторот Никола Матијашевиќ ги започна подготовките во салата „Парк“ во Струмица , каде нашите одбојкари ќе бидат домаќини на два турнири. 
 
Првиот во периодот од 21 до 23 мај во кој за противници ќе ги имаме селекциите на Данска, Израел и Кипар, како и завршниот на кој ќе бидеме сигурни учесници меѓу четирите најдобри репрезентации. 
 
Во меѓувреме (од 28 до 30 мај) во Шлагелсе, Данска ќе се игра и вториот турнир од А групата. 
 
Капитенот Никола Ѓорѓиев верува дека оваа селекција конечно е спремна да го освои и златниот медал во ова натпреварување.