-->
-->
Одбојкарите посакуваат шест од шест?!
-->
Нашите најдобри одбојкари на денешната прес конференција во х.Континентал најавија дека се заборавени поразите од Естонија и дека цврсто веруваат во подобра игра и победи во следните дуели од Евролигата што ќе се одиграат во Скопје.
Прв противник викендов е селекцијата на Израел.
-„На средбите во Естонија одигравме два различни натпревари и ме радува што на вториот дуел на кој освоивме сет бевме многу подобри во однос на првата средба. Тоа значи дека нашата игра од натпревар во натпревар ќе оди во нагорна линија и ќе ни носи позитивни резултати. Тој ден одигравме со 50 % од нашите можности, доколку се поправиме уште за 20 % тогаш бодовите против Израел ќе бидат наши“- истакна пред новинарите селекторот Жарко Ристоски.
Првата средба во сабота се игра во 20.15ч а в недела во 17.30ч.
Цената на влезниците за влез во с.„Борис Трајковски“ е 100 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комисиска расправа во Собрание
-
Тема на денот со Константин Димитров, професор и експерт по енергетика
-
Реорганизација на министерствата ќе се носи по скратена постапка
-
Гаши се пишмани: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Критично со хируршките сали
-
Трошоците за живот и натаму растат
-
Загрижувачки пад на наталитетот
-
Странските универзитети поинтересни за идните студенти