Одложено доделувањето на Оскарите
Доделувањето на Оскарите, кои традиционално се одржуваат во февруари, се одложени за два месеци, поради пандемијата на коронавирус.
Оскарите требаше да бидат доделени на 28 февруари следната година, но сега се одложени за 25 април.
Организаторите, исто така, се согласија да го продолжат крајниот рок за прифаќање на филмовите до крајот на февруари 2021 година наместо крајот на декември годинава.
Номинациите ќе бидат објавени на 15 март 2021 година.
Пандемијата веќе ја прекина работата на голем број филмови кои требаше да бидат објавени до крајот на годинава.
Сè уште не е познато дали церемонијата можеби ќе биде виртуелна.
Оскарите досега се одложени само три пати – за време на поплавите во Лос Анџелес во 1938 година, по атентатот на Мартин Лутер Кинг Џуниор во 1968 година, и по обидот за атентат врз претседателот на САД, Роналд Реган во 1981 година.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ