Македонија
11. November 2019 - 19:45

Одржана Јавна расправа за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион

Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион содржи сериозни законски прекршувања. Еколозите обвинуваат дека 10-годишниот план не е изработен во согласност со постоечкиот Закон и содржи неточни информации кои повлекуваат дисциплинска одговорност.

“Тоа што не загрижува се флагрантните лаги кои ги слушаме. Според Нацрт планот, усвоен е Закон за заштита на природно и културно наследство во јули. Не е усвоен, туку беше повлечен. Токму оттука е и сегашниот хаос...”

Еколозите сметаат дека ваков детален план не може да се донесе без најпрво да се донесе Законот за управување со Охридскиот регион и Законот за Охридското езеро.  

За нив е скандалозно што според планот, за крајбрежните населби во Охрид и Струга не е предвидена примена на мерките за заштита на природното наследство, што е директно прекршување на Законот за заштита на природата.

Од ресорното Министерство велат дека досегашната крајбрежна трансформација ќе биде спречена. Во планот ќе бидат вклучени деталните мерки, но по изработката на посебна Студија.

Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион е доставен до УНЕСКО и ќе ги чека евентуалните препораки. Свои забалешки ќе даваат и експертите, по што ќе биде доставен до Владата на усвојување.

УНЕСКО му даде рок на Охрид до февруари наредната година да ги спроведе препораките за заштита на природни богатства, односно да се справи со дивоградбите, а во спротивно регинот ќе биде ставен на листата на светски наследства во опасност.