Македонија
26. May 2024 - 16:40

Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор

Откако Мицотакис најави дека ќе го блокира патот на Македонија во ЕУ ако не се почитува Преспанскиот договор, грчкиот министер за надворешни работи денеска со посмирени тонови- вели иако Преспанскиот договор е штетен, сепак ќе го почитуваат бидејќи не може еднострано ниту да се менува ниту да се поништува. Грција ќе го почитува меѓународно ратификуваниот договор и во иднина, вели Герапетритис, во денешното интервју за грчката телевизија Скај.

Прво и основно е дека станува збор за меѓународен договор што беше ратификуван од двата Парламенти и ова значи дека во моментов не може да биде еднострано изменет од ниедна страна. Дури и да постои волја од Северна Македонија или Грција за еднострано да го изменат Договорот, тоа не може да се направи. Второ, Договорот од Преспа беше под покровителство на ОН, присуствуваше претставник на Организацијата на Обединетите нации и ова му дава поголема меѓународна сила. Трето, постои процес предвиден во Договорот од Преспа, што претставува процедура при прекршување. Не е предвидена можност за еднострано поништување.

Грчкиот премиер Мицотакис пак и денеска за весникот “Реал њуз” даде до знаење дека европскиот пат на Македонија поминува низ Грција и дека нашата земја може само да профитира од добрите односи со Грција, во спротивно може да наиде на проблеми за влез во Европската Унија.

Незаконитостите на Скопје во однос на името на земјата произлегуваат и од фактот што Договорот од Преспа беше лош договор. Предупредив во Парламентот дека е проблематичен за интересите на Грција, давајќи им националност и јазик на соседите. Уште тогаш, кога гласавме против, истакнав дека ќе го најдеме пред нас. Но и дека штом се изгласа треба да го спроведеме. Сега доаѓа СИРИЗА, како и обично, да ги рециклира познатите лаги дека наводно сме кажале дека кога ќе станеме Влада, нема да го спроведеме.

Од друга страна грчката опозиција, која го донесе препанскиот договор, Сириза инсистира да се изгласаат трите меморандуми што прозилегуваат како обврска за Грција, за да Макеоднија нема изговори за негово непочитување, но тоа се уште се одбива од владеачката Неа Демократија.

Според Мицотакис, ратификувањето на меморандумите во овој момент значи да го предадат целосното преговарачко оружје.