Официјално Сараево тврди дека нема паралелен воен систем во БиХ

Босанската Државна агенција за истраги и заштита (СИПА) тврди дека не располага со сознанија за формирање паралелен, односно таен воен систем во Босна и Херцеговина, со кој, наводно координира член на Претседателството на БиХ.
- Државната агенција за истраги и заштита не располага со сознанија за формирање паралелен/таен воен систем во БиХ, со кој наводно координира наведениот член на Претседателството на БиХ, соопшти СИПА.
Соопштението на СИПА е реакција текст во белградскиот весник „Вечерње новости“ во кој се тврди дека членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ спроведува илегална обука на паравоени формации, која до сега ја поминале најмалку 9.000 млади Бошњаци на возраст од 18 до 35 години, а 5.000 од нив задолжиле и униформа и основна воена опрема.
Ново на Сител
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
-

ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
-

Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово
-

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март
