Македонија
28. December 2024 - 16:29

Oхрид атрактивен за туристите

Охрид полн со гости за новогодишните и божиќните празници. Според резервациите во хотелите долж охридското крајбрежје најбројни се гостите од нашето соседство, но не изостануваат ни домашните.

Предновогодишните прослави по рестораните се во полн ек, градот нуди богата програма за сечиј вкус.

Охрид  како дестинација е атрактивен за туристите а според туристичките работници и конкутрентен во однос на цените .

За новогодишните празници покрај хотелите исполнети со гости се и  индивидуалните сместувачки капацитети. Зголемена раздвиженоста има во чаршијата, и  на градскиот кеј.