Македонија
16. September 2024 - 12:24

Охрид има над 1500 крвoдарители

Охрид и охриѓани имаат долга традиција за дарување крв . Најмладиот крводарител е на возраст од 18 години, додека најстариот 65 години кој зад себе има 100 крводарувања.

Во Црвениот крст има регистрирани крводарители кои континуирано даруваат крв, па бројките се за секоја почит. Има лица кои 50, 75 или 100 пати ја дарувале својата скапоцена течност а радува и фактот што и младите се почесто се приклучуваат во крводарителските акции.

Во Охрид, има се поголем број мотиватори кои се позитивен пример за младите кои сакаат да бидат хумани и да ја даруваат својата скапоцена течност.

Од Црвениот крст кои ги организираат крводарителските акции велат дека мажите повеќе даруваат од жените.

Во Охрид според податоците има преку 1500 крводарители кои несебично се посветени исполнети со тој хуман гест да даруваат крв и да спасуваат човечки животи. Крвните единици кои тие ги дарувале се употребени во здравствените установи во Охрид и Дебрца, но и во целата држава.