Македонија
29. November 2020 - 16:33

Охрид: Со домашна посета ќе се одговори на преоптоварените болнички капацитети

100 тина пациенти позитивни на Ковид 19 хоспитализирани во охридската болница .Од нив 40 лица се на кислородна подршка и со потешка клиничка слика. За да се олесни функционирањето на преоптоварениот здравствен систем во  екот на ковид кризата во градот од идната недела мобилни здравствени тимови ќе се грижат за ранливите категории на граѓани.Но акцентот ќе биде ставен на домашните посети, медицински и психолошки прегледи на пациенти заболени од коронавирусот.

Ќе има и оперативен центар со телефонски броеви од Црвен крст, на кој луѓето ќе може да закажуваат прегледи слично како „Мој термин“.

Медицинските тимови ќе испорачуваат здравствени услуги од областа на превенција, дијагностицирањето, упати до услуги од рецепти во домот на лицето .

Од почетокот на пандемијата во Охрид е регистриран 1571 случај на Ковид 19, а во моментов активни се 628.