Охрид со Институтот за филм зазема значајно место во светската филмска мапа

Институтот за филм во Охрид кој функционира во соработка со светски реномираната Школа за филм од Прага - ФАМО располага со најсовремена опрема за снимање филмови вредна 500.000 евра и нуди меѓународно признати дипломи.
Ова беше истакнато за време на денешната обиколка на Институтот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој од раководителот на оваа институција Роберт Јазаџиски беше инфромиран за тековните активности и за идните планови.
Груевски потсети дека оваа идеја за формирање школа за филм по угледот на чешката прозлегла од една негова посета на Чешка во 2008 година, а е реализирана пред една ипол година со отворањето на Институтот на кој студираат студенти од повеќе земји од Европа и пошироко.
Охрид, како што додаде, зазема значајно место во светската филмска мапа бидејќи се образуваат кадри од сите земји од регионот кои учат од најдобрите професори од областа.
- Од 43 професори 39 доаѓаат од Прага, а само четворица се од Македонија. Се надевам дека со тек на време ќе се остручат и други и ќе се вклучат во работата на оваа институција, рече Груевски.
Институтот за филм работи како членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и нуди магистерски студии на шест катедри меѓу кои и за режија, за сценарио, филмска продукција, а во иднина се планира и отворање катедри за филмско актерство и за сценографија.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
