Македонија
23. February 2020 - 20:06

Охридскиот центар за култура и оваа година ќе остане без подобрена енергетска ефикасност

Одбиени проектите на Центарот за култура Григор Прличев во Охрид за подобрување на енергетската ефикасност. И покрај тоа што станува збор за огромен простор кој во зимскиот период многу тешко се загрева а воедно би се подобриле и условите за работа сепак министерството за култура не даде зелено светло за да се реши овој долгогодишен проблем.

Директорот Симоноски вели дека решението ќе се бара во донации од охридските компании, со кои освен промена на застарената дограма, се планира и обновување на седиштата во големата сала.

Министерството помалку средства одобрило и за Балканскиот фестивал на народни песни и игри што се одржува повеќе од 50 години, на кој учествуваат голем број гости од целиот свет.