Македонија
5. January 2018 - 10:40

ОЈО од Прилеп ги разоткрива причините за пожарот во кафе барот

Основното јавно обвинителство од Прилеп денеска соопшти дека се води постапка против 24-годишниот прилепчанец којшто за време на новогодишната ноќ го запали кафе барот „Паб корнер“ со основано сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. 

Тој на 31 декември околу 18 часот имал вербална расправија со еден од вработените и со менаџерот на објектот и без да го плати долгот, заминал заканувајќи се дека ќе го запали пабот бидејќи е навреден. Потоа купил три шишиња со запалива течност и во три часот се вратил во пабот и го запалил со што предизвикал значителна материјална штета.

На осомничениот му е одредена мерка притвот во траење од 30 дена.