Околу 2.000 Црногорци протестираа против приклучувањето на земјата кон НАТО
Со повиците „Русија, Русија!“ околу 2.000 лица во Црна Гора синоќа демонстрираа против членството на земјата во НАТО, само неколку дена откако оваа мала балканска земја беше поканета да и се приклучи на Алијансата, пренесоа американските медиуми.
Протестот беше свикан од проруските опозициски партии, кои барааат референдум за ова прашање.
Оваа јадранска земја со население од малку над 600.000 лица е поделена во однос на членството во НАТО поради традиционално блиските односи со Русија и поради тоа што Алијансата ја бомбардираше Црна Гора за време на војната во Косово, во 1999 година, кога таа се уште беше во сојуз со Србија, забележуваат американските медиуми.
Демонстрантите носеа транспаранти на кои пишуваше „НАТО убијци!“ и „Не сте добредојдени тука“.
-НАТО не покани за да има повеќе војници против Русија, изјави поранешниот претседател Момир Булатовиќ.
„Не треба да учествуваме во судирот меѓу НАТО и Русија“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Неготино: Маж ја натепал својата сопруга, и извадил и нож
-
ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата
-
Скопјанка ја каснало куче скитник, при што паднала и се повредила
-
Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена
-
МВР: Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”
-
Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија
-
Уставен одлучи да поведе постапка за постапувањето на операторите со податоците на претплатниците
-
Иљази исплаќала пари на лица што не работеле на Токсикологија - поднесено обвинение