Околу 220 лица спасени во близина на грчкиот остров Крит
Југоисточно од грчкиот остров Крит рано утрово биле спасени околу 220 бегалци и мигранти, кои со мал рибарски чамец тргнале од Либан, а крајната дестинација била Италија, соопшти портпаролот на крајбрежната служба на Грција Никос Кокалас говорејќи за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.
Луѓето биле во мал рибарски чамец наменет за не повеќе од 15-20 лица, а Кокалас истакна дека „колку и да звучи неверојатно во чамец што не собира повеќе од 15-20 лица, имаше 220 луѓе“.
Откако биле забележани мигрантите, веднаш биле известени бродовите што биле во близина, а лицата биле спасени од еден таков брод и најверојатно ќе бидат пренесени на островот Кос со оглед на тоа дека таму постои прифатен центар.
Според портпаролот на крајбрежната служба на Грција, во првата половина на 2022 година околу 15.000 луѓе биле спречени да влезат во грчките територијални води, бројка што е двојно поголема во споредба со истиот период лани.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево