Околу 300 учесници од 17 земји на меѓународната трка „Крали Марко траилс“

Околу 300 учесници од Македонија и од 17 земји денеска во Прилеп трчаа на меѓународната планинска трка „Крали Марко траилс“. Учесниците се дел во една од трите планински трки: на 40, 23 и на 13 километри.
- Меѓународната планинска трка „Крали Марко траилс“ се одржува по 13-ти пат. Целта е да ги поттикнат луѓето да се потпрат на здрави навики, здрав начин на живот, од една страна, а од друга страна да побегнат од секојдневието и трчајќи ќе бидат ослободени од сите секојдневни грижи и притоа ќе се предизвикаат себе си, ќе ги поместат своите граници, а тоа да биде во релативно безбедна средина. Трасата е маркирана со знаменца, имаме спасители и волонтери кои се поставени долж целата траса, вели Дејан Крле, директор на трката.
Меѓу учесниците, 100-тина се жени за кои тоа е многу убав начин да се помине празникот на жената 8 Март и да се испрати пораката.
- По третпат учествувам на трката и е една од најубавите планински трки. Јас секогаш празникот на жената го поминувам во движење. Или сум на работа, зашто по професија сум лекар, или рекреирам, како што е денешното учество на планинската трка. Пораката е пратена - жените се рамноправни, вели Татијана Стојаноска од Струга.
И Снежана Ѓуриќ од Србија се чувствува исполнето со учеството на трката.
- Многу ја сакам оваа трка „Крали Марко траилс“. Се поминува низ предел со ретки карпи кои ги нема никаде. А секако дека го славам празникот на жената. Еве, сега со трката. Ајде сите да се чувствуваме убаво и исполнето, порача Снежана Ѓуриќ.
Ерик Фриск од Шведска првпат учествува. Таа за трката слушнала пред шест месеци.
- Првпат учествувам и многу ми е мило што сум тука. Има убава атмосфера, организацијата е одлична. Пак ќе се вратам, вели Ерик Фриск од Шведска.
Најстариот планински тркач е 74-годишниот Кирил Велкоски од Прилеп. Не ги пропушта планинските трки.
- Уживам што трчам. Не ги пропуштам планинските трки низ македонија. Посебно е задоволството што сум во друштвото на млади луѓе, нагласува Велкоски.
Стартот на трките беше од 8 часот на 40 километри, 9 часот на 23 и од 10 часот на 13 километри. Се очекува повеќето натпреварувачи на трките да стигнат до околу 14 часот.
Трките „Крали Марко траилс“ се дел од Меѓународната асоцијација за планинско трчање.
МИА
Ново на Сител
-

Игокеа го назначи Перо Антиќ за амбасадор на клубот
-

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
-

Словачка Амбасада: Од 17 март нов директен лет Братислава-Охрид, нов чекор напред кон зајакнување на билатералните односи
-

Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Трамп: Не знам доволно за нападот врз училиштето во Иран, истрагата е во тек
-

Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
