Македонија
29. October 2020 - 16:49

Оливер Спасовски хоспитализиран на Инфективна

Министерот Оливер Спасовски доцна синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура. Министерот Филипче вели дека неговата здравствена состојба е стабилна, но тој неколку дена останува под надзор на докторите. 

Спасовски е хоспитализиран од вчера. Неговата здравствена состојба е стабилна, има зголемена телесна температура, меѓутоа нема некоја значајна компликација на здравствената состојба, рече Филипче.

По позитивниот тест на пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска засега нема информации дали некој од народните избраници ќе одат во изолација, откако Петровска со симптоми на вирусот присиствуваше на вчерашната собраниска седница. Власта и опозицијата денеска се со единствен став дека во законодавниот дом строго се почитуваат пропишаните протоколи, но доколу здравствените власти утврдат потреба тие ќе се тестираат. 

Ваквите ситуации според владејачката партија повторно го актуелизраат прашањето за он лајн седници, но признаат дека за тоа е потребна техничка опрема која во моментов ја нема. 

Корона вирусот влезе и во Владата и во владејачката партија. Хоспитализиран на инфективната клиника е и владиниот генерален секретар Драги Рашковски, а еден од најблиските соработници на премиерот Заев и национален координатор за односи со јавност Маријан Забрчанец вчеравечер преку социјалните мрежи објави дека е позитивен на вирусот, но со лесни симптоми на настаника. Претходно истот го објави и портпаролката на СДСМ Боганка Кузевска.