Loading Video...
Спорт плус
28. December 2022 - 10:07

Оливера Наковска-Бикова и Владимир Егоров лауреати на манифестацијата „Спортист на Македонија за 2022 година“

 
На свеченоста во организација на АМС, овие двајца спортисти со право се главните лауреати на годинашиот избор.
 
Наковска-Бикова во една година ги освои титулите на европското и светското првенство во пара стрелаштво, додека Егоров стана европски шампион.
 
Ракометот и натаму е спорт број 1 во земјата, па очекувано женска и машка репрезентации, како и Ракометната федерација беа прогласени за најдобрите во своите конкуренции.
 
Признанието најуспешен селектор/тренер му припадна на Дејан Митровски – Урко од кик-боксот, додека за најдобри млади спортист беа прогласени боксерот Петар Арсовски, а кик-боксерката Јадранка Темелкова.
 
Посебни признанија добија и спортските легенди Кирил Лазаров и Горан Пандев кој во годината што полека изминува ги завршија своите богати и успешни репрезентативни кариери.