ОМД: Македонските лидери да ги стават настрана партиските интереси и да се разреши кризата
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) бара од македонските лидери да ги стават настрана партиските интереси, со цел да се разреши тековната криза.
- Без разрешување на кризата Македонија продолжува да стангира во своите напори за понатамошна евроатланска интеграција. ОМД ги повикува македонските лидери да искажат почит кон дејствувањето на претседателот Борис Трајковски така што ќе ги продолжат неговите политики вклучувајќи ги меѓукултурниот дијалог, религиската слобода, образованието и развојот на младината во насока на креирање на демократија основана на доверба и без постојано тапкање во место заради партиски цели, стои во соопштението од ОМД.
Инаку, поранешната прва дама Вилма Трајковска, го посети седиштето на ОМД на 5. февруари 2015 година со цел да земе учество во Форумот на жени заедно со Македонките кои живеат во Вашингтон.
Ново на Сител
-
Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач
-
Мицотакис: Било кое отстапување од Договорот од Преспа ќе има последици и во билатералните односи и на патот на Скопје кон ЕУ
-
Пелистер го совлада Работнички, ќе игра со МЗТ за титулата
-
Си и Путин се согласуваат за потребата од „политичко решение“ за конфликтот во Украина
-
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници
-
Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, најстудено утрово во Крушево
-
Неексплодирани убојни средства од Првата светска војна пронајдени во прилепскиот регион
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка