Loading Video...
Свет
19. January 2022 - 16:33

Омикрон поставува нови рекорди

Србија, Словенија, Хрватска и Бугарија се зафатени со корона цунами. Евидентираа нови дневни рекорди од почетокот на пандемијата. Во изминатото деноноќие во Хрватска над 19 000 лица биле позитивни на тестовите, Словенија забележа 12 000, а во Бугарија се потврдени 11 181 нов случај. Во дневната ковид статистика на Србија се запишаа 18 000 новозарени од 39 740 тестирани примероци.

- Сведоци сме дека во последните денови епидемските броеви стигнуваат до рекордни нивоа, омикрон во Србија дури сега почнува да зема замав вели доктор Бојан Тркуња.

Епидемиолошката состојба и во останатите земји во регионот е влошена. Бранот на Ковид 19 не успорува ниту во Германија, Франција, Чешка, Италија и Австрија. Прв пат досега во Германија во рок од 24 часа се официјално регистрирани повеќе од 100 000 новозарени луѓе а министерот за здравство Карл Лаутербах очекува олабавување на ситуацијата дури кон крајот на февруари.

Високозаразната варијанта Омикрон е причина за големиот пораст на бројот на нови случаи во Европа. Минатата недела во Европа беа пријавени пет милиони случаи. Далеку сме од крајот на пандемијата предупреди првиот човек на СЗО и потенцира дека не треба да потценува омикронот иако се работи за поблага варијанта.