-->
-->
ООН загрижена поради „фундаменталната промена“ на американската политика, вели Фолкер Тирк
-->
Обединетите нации се сериозно загрижени поради „фундаменталната промена“ во насоката на американската политика, изјави Високиот комесар за човекови права Фолкер Тирк.
Без да го спомене директно американскиот претседател Доналд Трамп, Тирк истакна дека „на парадоксален начин, политиките кои имаат за цел заштита од дискриминација сега се квалификуваат како „дискриминаторски“.
„Напредокот во родовата еднаквост е запрен, а изјавите што поттикнуваат поделби создаваат страв“, предупреди тој во обраќање пред Советот за човекови права на ОН.
„Со децении, САД имаа двопартиска поддршка за човековите права. Сега сум длабоко загрижен за радикалната промена на курсот, како на национално, така и на меѓународно ниво“, додаде Тирк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор