Македонија
22. September 2020 - 16:46

Опозицијата утре на протест, кадровските решенија дочекани со пофалби но и критики

Опозицијата утре повтроно излегува на улица. Лидерот на вмро-дпмне преку социјалните мрежи ги повика граѓаните на протест против неправда и реваншизам, кој утре ќе стратува во 18:30 пред кривичниот суд.

„Кога Луј Витон судството носи „трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев. Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата. Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види. Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија. Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат. Одговорот на сето ова е протест“, пишува Мицкоски на facebook, ден по изборот на новиот Извршен комитет на партијата.

Во највисокиот партски орган влегоа вчера вечер влегоа Рашела Мизрахи, Гордана Димитриевска Кочовска, Антонио Милошовски, Дафина Стојановска, но и инфектологот Вело Марковски, кој предизвика и најголем критика од владејачката партија.

Според СДСМ Марковски ќе остане запаметен по јавните ставови со кои ги поткопуваше мерките за заштита од корона вирусот и ширеше паника меѓу граѓаните.   

„Во јавни излагања Марковски повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со КОВИД 19. Еднаш велеше дека тешко ќе постигнеме колективен имунитет, а само по неколку недели зборуваше дека брзо ќе сме стигнеле до колективен имунитет. Со своето однесување, со поткопување на мерките и решенијата Марковски внесуваше паника и вознемиреност во јавноста“, вели Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Токму затоа од владејачката партија оценуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени, а со овие кадри партијата уште долго време ќе остане во опозиција.

За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот став не е изненадување. Од партијата одговараат дека новите кадровски смени не му одговараат само на Заев и хотелската коалиција која одработува за него.