Македонија
8. April 2020 - 16:35

Општина Чешиново-Облешево не работи - зградата целосно се дезинфицира

Зградата на локалната самоуправа на Чешиново-Облешево од денеска под клуч и целосно ќе биде дезинфицирана, зашто вчера се утврди дека градоначалникот на општината Горанчо Крстев е позитивен на Ковид 19. Откако дознал дека неговиот фризер, сега веќе починатиот 40 годишен кочанчанец е позитивен, веднаш со сопругата се тестирале, но биле негативни на корона вирусот. Сепак Крстев останал во домашна изолација од 1-ви април. Вчерашниот тест дал позитивни резултати.

Во текот на денот ќе бидат тестирани и децата на градоначалникот. Тој апелираше до јавноста да нема негативни коментари, а својата здравствена состојба ја обзнани со цел навреме да се превенира, доколку некои од лицата со кои бил во контакт почувствуваат некакви симптоми- стенд ап

Како прв човек на општината Крстев остварил повеќе средби со граѓани откако бил на фризер, па неговата матична докторка ги повика жителите на Чешиново –Облешево, кои во изминатите 10 денови биле во контакт со него или со вработените од општината да се консултираат со своите матични лекари за понатамошни инструкции и лична заштита. Има и други позитивни вработени во општината, но немаат симптоми. За сега нема евидентирано заболени со вирусот помеѓу жителите на Чешиново-Облешево.