Македонија
5. July 2022 - 12:50

Општина Гази Баба додели грантови за студенти иноватори

 Во просториите на Општина Гази Баба денеска градоначалникот Бобан Стефковски ги додели грантовите за финансиска поддршка на студенти иноватори.

Како штоинформираат од општинската прес-служба, целта на овој проект е поттикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат.

– Денеска во просториите на Општина Гази Баба ги доделивме грантовите за финансирање на студенти иноватори. Основната цел на овој проект е мотивирање на студентите да размислуваат иновативно, а она што истите како проект ќе го замислат општината ќе биде партнер во неговата реализација. Мудрите луѓе запишале дека за креативноста е потребна храброст, напиша градоначалникот Стефковски на својот фејсбук профил.

Како градоначалник на Општина Гази Баба, посочува тој, ги охрабрувам и поттикнувам студентите да бидат иновативни и креативни, а мојата и поддршката на општината ќе ја имаат во реализација на нивните проекти.