Општина Карпош подготвена за најавените ниски температури и снег

Општина Карпош е подготвена за ниските температури и врнежите од снег што деновиве ги најавуваат хидрометеоролозите и информира дека има обезбедено 250 тони сол, 20 кубни метри ризла и три специјализирани возила за интервенции во зимски услови со плуг и со бункер за сол.
Како што се наведува во соопштението на општина Карпош, локалната власт е подготвена да интервенира на сите сервисни улици кои се наоѓаат на нејзина територија, со особено внимание на т.н. „критични точки“ спрема Бардовци, Трнодол, Жданец, патот за Горно Нерези, како и во Козле на улиците „Ловќенска“ и „Илија Плавев“.
Останатите магистрални улици кои минуваат низ територијата на Карпош, со соодветна механизација и служби, ќе ги расчистува Градот Скопје.
Во состојба на целосна подготвеност, како што се наведува, ќе биде ставена и единицата за заштита и спасување на Општина Карпош, за да интервенира доколку тоа е неопходно.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
