Општина Струмица поднесе барање за намалување на стапката на ДДВ за гасот
За Oпштина Струмица решавањето на проблемот со аерозагадувањето, во кое во најголем дел учествува затоплувањето на домовите со различни енергенси, е преку гасификација и понатамошно проширување на гасоводната мрежа, смета градоначалникот Коста Јаневски.
Меѓу активностите кои се преземаат на овој план, Јаневски го истакнува и доставеното барање до Владата за намалување на стапката на ДДВ за гасот од 18 на пет проценти.
– Ние направивме и акционен план, дадовме конкретни предлози до Владата кои би требало овој енергенс да го направат поефтин за да може нашите граѓани да се приклучуваат. Предложивме данокот на додадена вредност на гасот да се намали од 18 на пет проценти и има расположение тоа да се направи, потоа да се субвенционираат горилници и приклучни елементи и според мене, тоа е реалниот начин на кој треба овој проблем да се решава, како и со проширувањето на мрежата за гасификација, смета градоначалникот на Струмица.
Додава дека Општина Струмица и досега го субвенционира секој приклучок на гасоводната мрежа со 100 евра, а Советот изгласа мерка со која идните инвеститори на згради и домови ако се одлучат да изградат зелени покриви и фасади ќе имаат намалување од осум проценти од комуналните давачки.
Покрај тоа, Јавното претпријатие „Срумица гас“ аплицираше до Светска банка за кредит во висина од околу 26 милиони денари за проширување на гасоводната мрежа во должина од седум километри.
Инаку, досега во Струмица, која е гасифицирана од 2012 година, е изградена гасоводна мрежа во должина од 33 километри.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник