Орбан: Украинците гинат, а Русија не може да биде поразена, затоа мора да се премине на нов план за дејствување

Стратегијата на Европската унија во врска со конфликтот во Украина пропадна, Русија не може да биде поразена и поради тоа мора да се премине на нов план за дејствување, изјави во Цирих унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој посочи дека Унгарија од самиот почеток ги осудува постапките на Русија во врска со Украина, но тврди и дека реакцијата на Западот на постапките на Русија била погрешна.
„Каква беше нашата стратегија? Украинците ќе се борат и ќе победат на линијата на фронтот, а Русите ќе губат. Каква е реалноста? Украинците се борат и гинат. До што дојдовме? Русија нема да загуби и воопшто нема да ја промени својата политика Затоа, мора да се соочиме со реалноста. Мора да се движиме кон планот Б“, рече Орбан, додавајќи дека Европската унија во моментов нема таков план.
Тој истакна дека наместо да ја преиспита својата стратегија, Брисел предлага продолжување на воената и финансиската помош за Киев.
„Сепак, сосема е бесмислено едноставно да се испраќаат пари на Украинците, тоа не води до ништо“, рече тој, пренесува унгарскиот весник „Маѓар Немзет“.
Орбан заклучи дека единствениот начин да се „запре бесмислената смрт на луѓето“ е веднаш да се прекине огнот и да се започнат мировни преговори за да се постигне договор за Украина.
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
