Loading Video...
Тенис
18. February 2021 - 17:27

Осака против Бреједи во женското финале на АО

Во женското финале на првиот Грен слем годинава, Австралија Опен, ќе играат Наоми Осака и Џенифер Бреједи

Јапонката, Осака (3) во полуфиналето ја совлада Американката, Серена Вилијамс во два сета со 6-3 и 6-4, додека нејзината противничка 25-годишната Американка, Брејди место во финалето обезбеди со победата над Мучкова  од Чешка во три сета (6-4, 3-6 и 6-4). 

Мечот за тирулата во женска конкуренција на програмата е во сабота наутро од 9:30 часот. 

Победничката ќе заработи 2.75 милиони долари, а поразената во финалето ќе биде побогата за 1.5 милиони долари.