Оштетена наплатна рампа на тетовскиот паркинг

Оштетена е една наплатна рампа на паркингот кај зелениот пазар, дел од затворените паркинзи на „Градски паркинг“ Тетово, информираат од претријатието. Втор пат се случува инфраструктурата од паркинзите да биде оштетена за време на празници кога паркингот не е во функција.
– Непознати сторители ја оштетиле наплатната рампа на паркингот кај зелениот пазар во Тетово. Ова се случува втор пат за време на празник, после вандализмот на паркингот кај О.У. „Лирија” кој се случи за време на Рамазан Бајрам. Повторно апелираме до граѓаните да се однесуваат пристојно и да ги чуваат јавните објекти и опрема.Ваквото однесување дава грда слика и не му прилега на нашиот град. Да бидеме совесни и одговорни, информираа од ЈП „Градски паркинг“.
Од таму додаваат дека и случајот е пријавен во полиција.
Ново на Сител
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
