Османи ја продолжува работната посета на Швајцарија, ќе се сретне со својот колега Касис
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ја продолжува работната посета на Швајцарија, при што ќе се сретне со својот колега, сојузниот министер за надворешни работи Игнацио Касис.
Од МНР најавија дека Османи ќе има и други средби со дијаспората, кои живеат во други кантони на Конфедерацијата.
Работната посета на Швајцарската Конфедерација, Османи ја започна со средби со повеќе наши граѓани, како и со претставници на повеќе здруженија на дијаспората во Вил, област околу која гравитираат поголемиот број на иселеници, која се наоѓа во кантонот, Сант Гален.
Се разговарало за различни теми од интерес на дијаспората, за нивните потреби, но и за можностите за унапредување на комуникацијата со државата, можностите за подобрување на достапноста на услугите кои ги користат граѓаните во странство, како и потенцијалите за нивно враќање во Македонија.
Посебен акцент на средбата бил ставен на спроведување на Пописот 2021, кој од 1 март оваа година, се спроведува за оваа категорија на државјани, при што Османи ги повикал на активна мобилизација и нивно учество во пописот.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
