Основен кривичен суд: За осум приведени во полициската акција 30 дена, за еден осумдневен притвор
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени девет лица осомничени, дел за кривичното дело криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
– По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осум од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од осум дена со оглед да против истиот е поднесен предлог во скратена постака, соопштија вечерва од Основен кривичен суд Скопје.
Според решенијата за опредлеување мерка притвор, се наведува во соопштението, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истарагата и опасност да го повторат делото.
Против овие решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата