-->
-->
Остатоци од снег на патиштата, возете внимателно ако мора да патувате
-->

Според последниот извештај на АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат.
Воведена е забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека каде за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Исто така забрани за тешки товарни возила се воведени на планискиот премин Ѓавато, на патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, К.Паланка граничен премин Деве Баир, крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка.
Забрана за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.
ВНИМАТЕЛНО: . Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Граѓаните реагираат дека не е исчистен снегот на Пресека и Стража и отежнато е движењето преку овие превои.





Фотографиите се преземени од Фејсбук страницата: Ѕид на сообраќајниот срам
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски