Откажан фудбалскиот натпревар меѓу Северна Кореја и Јапонија
Квалификацискиот натпревар за пласман на Светското фудбалско првенство во 2026 година меѓу Северна Кореја и Јапонија, кој требаше да се игра во Пјонгјанг следната недела, е откажан, соопшти денеска Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).
Како што пренесува агенцијата Кјодо, Северна Кореја, која нема дипломатски односи со Јапонија, одлучи да не го организира натпреварот во Пјонгјанг поради загриженост од ширење на заразни болести од Јапонија.
„Одлуката, донесена во консултација со ФИФА и релевантните органи, доаѓа откако АФЦ на 20 март ја информираше фудбалската асоцијација на Северна Кореја за потребата да се премести натпреварот на неутрално место поради неизбежни околности“, соопшти АФЦ, додавајќи дека случајот сега ќе биде предаден на соодветните комисии во ФИФА.
Јапонија и Северна Кореја се во групата Б од квалификациите за СП 2026 година, заедно со Сирија и Мјанмар. Јапонија ја совлада Северна Кореја со 1-0 во првиот квалификациски натпревар во Токио во четвртокот.
Северна Кореја последен пат беше домаќин на машката фудбалска репрезентација во Пјонгјанг во 2019 година, како дел од квалификациите за Светското првенство во 2022 година. Потоа се повлече од натпреварувањето, наведувајќи ги како причина здравствените грижи поврзани со пандемијата на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
-
ДУИ: Волјата на албанскиот народ не е играчка што припаѓа на ВМРО-ДПНЕ
-
Груевски: Откако СДСМ ги загуби изборите монструмот Добрила Кацарска во обид да се прикаже како жртва
-
Во сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит
-
Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања