Македонија
6. July 2026 - 16:34

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки

Можни дисциплински постапки ако вработените излезат на протест. Ваков допис според тврдењата на сиднидкатот испратила директорката на УЈП, Елена Петрова до административците во Управата, кои за денеска закажаа 2 часовен протест, но по добиениот мејл, го откажаа. Во дописот, како што тврдат тие, Петрова се повикала на законот за работни односи, кој не дозволува прекин на работата Синдикатот Солидарност пак има спротивен став од неа. 

Сличен допис дека ќе сносат одговорност ако 2 часа излезат на мирен протест, бил пратен и од вториот синдикат во истата институција САДУ. Сега од репрезетативниот, Солидарност, чекаат евентуална средба со раководството. Во спротивно, не исклучуваат можноста од организирање штрајк.   

Од УЈП нема одговор дали бил испратен таков допис и зошто бил спречен протестот, ниту пак дали во следниот период ќе иницираат средба со синдикатот. Инаку нивното барање беше зголемување на платите за 7%, кое го добиле сите останати државни административци од март, како и усогласување на платите со зголемување на минималната плата за 1,600 денари.